Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Даниел Алексовски од Штедилница Можности ја доби наградата за најдобар банкарски службеник за 2024 година

1 ное. 2024 г.·2 мин читање·1817 прегледи

Следете не на Viber

По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

Даниел Алексовски е службеник од штедилница Можности кој ја доби наградата за најдобар службеник во штедилницата за 2024 година.

Како што вели Алексовски, најдобар во професијата се станува со долгогодишно искуство, професионален однос и посветеност кон работата.

–Чест и задоволство ми е што го добив оваа признание меѓутоа и поттик да  бидам уште подобар и да напредувам во мојата кариера – истакна Алексовски за порталот Пари.

Од Штедилницата велат дека ова признание е верификација за посветеноста и добрите резултати на вработениот и тимот со кој работи, односно експозитура Куманово.

–Штедилницата секогаш ги поттикнува вработените да се стремат кон добро и професионално работење, и признанието за поединецот е признание за целиот тим и секторот во кој работи – ни велат од штедилница Можности.

Клучни зборови

  • мба
  • најдобар банкарски службеник за 2024
  • Штедилница Можности
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk