Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Дамчевски нов член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка АД Скопје

14 сеп. 2022 г.·2 мин читање·1252 прегледи

Следете не на Viber

Милан Дамчевски е новиот член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка АД Скопје, се вели во информацијата која до Македонската Берза ја достави оваа банка. На web страната на берзата, во согласност со законската регулатива (член 166-6 од Законот за хартии од вредност, поточно измените на законот објавени во Службен весник бр. 57/10), треба да бидат објавени следните промени во органите на управување и раководење на ПроКредит Банка АД Скопје, стои во документот.

Народната Банка на РСМ издаде решение за претходна согласност за именување на Г-дин Милан Дамчевски за Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје за период од 2 години. Оттука, Управниот одбор на Банката е составен од следните членови: Емилија Спировска, член на Управен одбор, Стевче Кузмановски, член на Управен одбор и Милан Дамчевски, член на Управен одбор, се вели на крајот од известувањето.

КОЈ Е МИЛАН ДАМЧЕВСКИ?

Во текот на својот професионален развој во тимот на ПроКредит Банка, г. Дамчевски го градеше своето искуство на повеќе позиции, започнувајќи како дел од Onboarding програмата на ПроKредит Банка, потоа, советник за мали и средни бизнис клиенти, за да напредува и во последните пет години да ја извршува функцијата Менаџер на филијата за Средни клиенти. Има посетувано и успешно завршено бројни професионални обуки, меѓу кои: Bankers Academy и Management Academy на ПроKредит Банка во периодот од 2015 – 2017 во Фурт, Германија.

Како нов Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, Дамчевски ќе биде задолжен за менаџирање на следните оддели: Правни лица – средни клиенти, Управување со средства и ликвидност, Маркетинг, како и одделот за Деловна поддршка.

„Ми претставува задоволство и голем професионален предизвик можноста да  се посветам на креирање и спроведувањето на стратешките цели на ПроКредит Банка, институцијата каде што ја започнав и во изминативе десет години ја градам мојата професионална кариера. Високиот квалитет на услуга, како и воведување на нови напредни и ефикасни практики во банкарското работење ќе остане наш врвен приоритет, како потврда на имиџот на банката – Лидер во доменот на дигитализација и докажан банкарски партнер на клиентите, правни и физички лица.“ – изјави г. Дамчевски.

Клучни зборови

  • Милан Дамчевски
  • ПроКредит банка
  • член на Управен Одбор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk