Во услови на засилена конкуренција за привлекување депозити, македонските банки повторно ја активираат алатката што најдиректно комуницира со штедачите – каматните стапки. Најновите податоци укажуваат на суптилна, но значајна промена во однесувањето на граѓаните: дел од заштедите се пренасочуваат, а банките одговараат со попривлечни услови за орочено штедење.
Прашањето што се наметнува е дали ова е почеток на нов циклус на „трка по депозити“ или само краткорочна реакција на пазарните притисоци?
Март донесе пресврт што не помина незабележан. Депозитите на домаќинствата бележат пад од 0,4 насто на месечно ниво, што во апсолутни бројки значи повлекување на околу 2 милијарди денари. Иако вкупното ниво на депозити останува високо, 7,2 милијарди евра, сигналот е јасен: штедачите стануваат поактивни и п…