Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Дали валутата на Фејсбук, Либра конечно ќе стане реалност

29 ное. 2020 г.·2 мин читање·3541 прегледи

Следете не на Viber

Долго очекуваната крипто-валута Либра конечно би можела конечно да започне со работа во јануари 2021 година, според новиот извештај на Фејсбук.

По повеќе од една година контрола од глобалните финансиски регулатори, Либра ќе започне во форма на дигитална валута поддржана од американскиот долар, објави Фајненшл тајмс на 27 ноември.

Цитирајќи три лица вклучени во проектот „Либра“, „Фајненшл тајмс“ напиша дека плановите на Здружението „Либра“ е да додадат повеќе фиат валути кои ќе ја поддржуваат вредноста на Либрата.

Се очекува лансирање на оваа крипто-валута да биде во јануари, но точниот датум сè уште не е познат и ќе зависи од тоа кога Здружението Либра ќе добие регулаторно одобрување од страна на Швајцарскиот одбор за надзор на финансискиот пазар или ФИНМА, за да може да работи како услуга за плаќање.

Портпарол на ФИНМА одби да даде коментар на темата за Коинтелеграф во врска со потенцијалното лансирање на Либра во јануари 2021 година. Претставникот се осврна на соопштението за процесот на лиценцирање на Либра, во кое се вели: „Во согласност со вообичаената практика, ФИНМА нема да обезбеди информации од јавен карактер за статусот на тековната постапка ниту пак ќе шпекулира кога таа може да биде целосна “.

Иницирана во јуни 2019 година, Либра се соочи со голем регулаторен надзор што предизвика голем број компании-членки како PayPal и MasterCard последователно да го напуштат проектот. Кошницата со валути што ја поддржуваа Либера првично требаше да вклучува неколку фиат валути вклучувајќи ги американскиот долар, еврото, јапонскиот јен, британската фунта и сингапурскиот долар.

Според Фајненшл тајмс, некои од членовите на Либра сметаат дека назначувањето на правниот началник на ХСБЦ (Hongkong and Shanghai Banking Corporation Limited), Стјуарт Леви за главен извршен директор, e пресвртница за проектот Либра.

Клучни зборови

  • крипто-валута
  • криптовалути
  • Либра
  • фејсбук
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk