Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ДАЛИ ЌЕ ПОЕВТИНИ ГОРИВОТО – Нови мерки од Владата

4 апр. 2026 г.·2 мин читање·3338 прегледи

Следете не на Viber

Владата подготвува интервенција на цените на горивата, во обид да го ублажи новиот ценовен притисок на пазарот. Намалување на акцизите за дизелот и бензините е веќе на маса, а одлуката се очекува да биде донесена на утрешната вонредна седница.

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се исполнети условите за намалување на акцизите, при што дизелот би поевтинил за 4 денари по литар, а бензините за 2 денари.

Според пресметките на Владата, без ваква мерка, цените ќе бележеа значително зголемување. „Нашите анализи покажуваат дека дизелот требаше да поскапи за околу 7 денари, а бензините за 1,5 до 2 денари“, изјави премиерот, објаснувајќи дека со интервенцијата се очекува корекција на цените уште од почетокот на следната недела.

Конкретно, дизелот би се зголемил минимално – за околу 3 денари, наместо значително повеќе, додека кај бензините се очекува благо намалување. Дополнителен фактор ќе биде и одлуката на компанијата Окта дали ќе го продолжи попустот што го нуди за горивата. Доколку тоа се случи, можно е цените да останат стабилни или дури и да се намалат – за околу 2,5 денари кај бензините.

Владата веќе најавува нова рунда разговори со снабдувачите, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните. Според Мицкоски, ако попустите се продолжат, крајната цена на дизелот може да остане на сегашното ниво, и покрај притисоците на светските пазари.

Мерката, сепак, ќе има финансиски ефект врз државната каса. Намалувањето на акцизите ќе значи загуба од десетици милиони евра за Буџетот, но премиерот уверува дека средствата се обезбедени благодарение на, како што вели, „домаќинското управување со јавните финансии“.

Покрај ова, најавено е и продолжување на мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти, која ќе важи уште најмалку две недели. Владата, според најавите, ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на пазарот и да реагира со нови мерки доколку ценовниот притисок продолжи.

Со оглед на нестабилноста на глобалните енергетски пазари, јасно е дека интервенциите ќе останат дел од економската политика и во наредниот период, со цел да се задржи контрола врз цените и да се заштити стандардот на граѓаните.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • Влада
  • Горива
  • намалување на акцизите
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk