Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Дали би работеле во компанија каде колегите одлучуваат за вашата плата?

1 јун. 2021 г.·2 мин читање·2834 прегледи

Следете не на Viber

Технолошката компанија „10Pines“ одлучила да пристапи радикално на начинот кој се однесува кон вработените. Компанијата се обидува да ја зголеми транспарентноста и да биде демократски посветена до тој степен што им овозможува на вработените да ги одредуваат платите меѓу себе.

Ариел Умански одлучи да го одбие предложеното зголемување на платата за седум проценти во декември 2020 година. Тој сметаше дека не може да го оправда тоа пред неговите колеги.

Всушност, тоа беше втор пат во последните пет години да одбие покачување.

„Се чувствував некако несигурно и изложено на тоа да бидам во близина или да сум на врвот до луѓето за кои мислев дека имаат подобри перформанси од мене“, објаснил Умански.

За платите се одлучува три пати годишно на состанокот на аргентинската компанија, кој вклучува се, освен новите работници кои работат на одредено работно време.

Вработените (или менторите во нивно име) можат да аплицираат за покачување, за што потоа отворено се дискутира.

10Pines е технолошка компанија основана во 2010 година со 85 вработени со седиште во Буенос Аирес.

Компанијата изработува софтвер за клиенти, вклучувајќи ги Старбакс и Бургер Кинг, правејќи работи како мрежни картички за лојалност за клиенти, апликации и платформи за е-трговија.

10Pines се труди да биде што е можно потранспарентена со вработените. По тримесечениот пробен период, новиот персонал се приклучува на остатокот од тимот на отворени месечни состаноци каде се донесуваат клучните одлуки за компанијата, како што се одлуки за потенцијални нови клиенти, за трошоци, за финансиите на компанијата – и секако за плати.

Клучни зборови

  • 10Pines
  • аргентинска компанија
  • софтвер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk