Брзиот развој на технологијата и технолошките иновации имаа значителен позитивен ефект врз развојот на постоечките индустрии меѓутоа, во исто време создадоа и нови индустрии и сектори кои го привлекоа вниманието на инвеститорите. Од една страна технологијатa иницираше промени во навиките за купување и исто така целосно го смени начинот на кој што потрошувачите купуваат одредени производи и услуги. Од друга страна, промените во барањата и навиките на потрошувачите се исто така едни од поважните фактори кои создадоа можности за развој на нови индустрии и соодветно развој на нови компании.
Можеби еден од најочигледните примери е компанијата Амазон која во целост го проемни начинот на продажба, купување и дистрибуција на различни видови на производи. Развојот и популизирањето на блокчаин технологијата е исто така уште еден пример преку кој може да се види влијанието на технологијата за проширување на можностите…