Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Да“ за преземањето и од Синдикатот на СТББТ, но со јасни услови за иднината на вработените

19 сеп. 2025 г.·2 мин читање·6242 прегледи

Следете не на Viber

Синдикатот на вработените во Стопанска банка Битола, кој опфаќа 90 отсто од работниот кадар, смета дека понудата за преземање од Алта банка е прифатлива. Но, потребно е да се исполнат одредени услови, а имаат и барање до преземачот да им достави детален долгорочен план за преземање на вработените. Ова е нивното мислење, што уследило откако го добиле ставот што по ова прашање го има Управниот одбор на битолската банка.

„Преземачот Алта Банка АД Белград очекува зголемен обем на активностите, а согласно проспектот планирано е зголемување на бројот вработените. Бараме од преземачот да ни се достави детален долгорочен план за преземањето на вработените, со тенденција за понатамошна едукација на вработените и можност за нивно унапредување и соодветно на тоа и зголемување на платата“, стои во известувањето, потпишано од претседателките на синдикалните организации на СФДМ и на СФОМ при СТББТ, Дијана Ацковска и Силвана Кузеска-Масалковска.

За условот што го имаат се вели:

„Понудата ја сметаме за прифатлива за вработените под услов единствено хооризонтална прераспределба на вработените во однос на потребите на Банката и вертикална прераспределба, но само во насока на раст и унапредување, без вертикална прераспределба на хиерархиски пониска работна позиција“.

Инаку, како што е посочено, од проспектот приложен од Алта банка вработените можеле да заклучат дека преземањето ќе ја развие и модернизира СТББТ.

„Врз основа на понудата за преземање и Проспектот, Синдикатот подразбира дека во случај на успешна реализација на преземањето, Алта Банка АД Белград ќе овозможи понатамошен развој, модернизација на работењето на Стопанска Банка А.Д Битола, со посебен акцент на дигитализација на процесите и унапредување на корисничкото искуство, со што преземачот ќе ја зајакне пазарната позиција во Балканскиот регион.

Имајќи го во предвид горенаведеното, разбираме дека успешната реализација на преземањето ќе влијае и врз вработените во Стопанска Банка А.Д Битола“.

За акциите е понудена единечна цена од 3.777 денари. Понудата ќе се смета за успешна доколку акционерите продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03 отсто од вкупно издадените 371.538 обични акции со право на глас.

Клучни зборови

  • Алта банка
  • Вработени
  • понуда за преземање
  • синдикат
  • Стопанска банка Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk