Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЦРВЕНА ТРЕВОГА ВО БРИТАНСКИ ЛОЈДС – се подготвуваат за руски сајбер напади

26 фев. 2022 г.·2 мин читање·4178 прегледи

Следете не на Viber

Најголемиот британски домашен заемодавач Лојдс во четвртокот соопшти дека е во „засилена готовност“ поради сајбер напади од Русија, бидејќи кризата во Украина се влоши. „Во зголемена готовностсме,  нашите контроли на сајбер ризикот веќе подолго време се фокусирани на ова“, им рече на новинарите извршниот директор на Лојдс, Чарли Нан, по целогодишните резултати на банката, јавува Ројтерс.

За подготовка за потенцијални сајбер напади беше разговарано на состанокот меѓу владата и лидерите на банкарската индустрија на тема Русија во средата, додаде Нун. Лојдс е во зголемена готовност во „последните неколку месеци“, рече Нун.

Банките на глобално ниво се подготвуваат за построги санкции од западните влади против Русија. Голем број пратеници во британскиот Парламент ги критикуваат првичните мерки на земјата дека се премногу слаби.

Како банка која е главно фокусирана на Обединетото Кралство, Лојдс не е многу изложена директно на Русија, но сепак ги проверува своите контроли и се подготвува за построги санкции, рече Нун. „Ова е очигледно на нашиот ум во моментов. Ние, како и другите финансиски сервисни организации, разговаравме со владата во последните неколку недели“, рече Нун.

Клучни зборови

  • Лојдс
  • русија
  • руски сајбер напади
  • сајбер напади
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk