Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

CREDISSIMO ПОДАРИ 500 БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ за поддршка на Зоолошка градина во Скопје

29 апр. 2025 г.·2 мин читање·553 прегледи

Следете не на Viber

Credissimo подели 500 бесплатни влезници за ЗОО со цел да го поддржи нејзиното работење и да ги поттикне граѓаните почесто да го посетуваат едно од најинтересните катчиња во главниот град. На 25.04.2025 во периодот од 11:30 до 13:30 часот, на Плоштадот Македонија беа поделени бесплатни влезници на сите случајни минувачи. Credissimo, како долгогодишен пријател на Зоолошката градина, преку оваа општествено одговорна иницијатива одлучи да ја поддржи ЗОО Скопје во период кога цените за храната на животните се зголемија.

„Оваа поддршка доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што трошоците за одржување на Зоолошката градина во зимските месеци се повисоки. Среќни сме што преку оваа активност на Credissimo 500 деца и возрасни ќе уживаат во амбиентот на ЗОО Скопје, а во исто време тоа ќе нѝ помогне да обезбедиме доволно средства за да го потпомогнеме работењето на ЗОО“, вели Зоран Попов, дирекотор на Зоолошката градина Скопје.

Компанијата Credissimo, во последните неколку години, во повеќе наврати го поддржа работењето на ЗОО Скопје. Последната донација беше наменета за реконструкција на покривот на живеалиштето на крокодилот, а претходно беа обезбедени средства и за бојадисување на домовите на лавчињата и за поставување информативни и едукативни табли.

„Грижата за животните е еден од основните сегменти на нашата политика за општествена одговорност и токму затоа сметаме дека Зоолошката градина во Скопје ја заслужува нашата поддршка. Грижата за изградба на репрезентативна ЗОО во главниот град треба да биде на целата заедница, вклучувајќи ги и граѓаните, кои со секоја посета го помагаат нејзиното опстојување и надградување. Credissimo и во иднина ќе остане партнер на Зоолошката градина преку поддршка на разни активности“, порачуваат од Credissimo.

Пред организирањето на настанот компанијата направи повик на социјалните мрежи до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да добијат на подарок влезница за ЗОО Скопје. Credissimo во изминатите месеци обезбеди бесплатни билети за Зоолошката градина и за децата кои го посетуваат дневниот центар на здружението „Доза среќа“, како и за децата на своите вработени.

Клучни зборови

  • Кредисимо
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk