Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ вработените од канцеларија

19 дек. 2025 г.·3 мин читање·3629 прегледи

Следете не на Viber

Загадениот воздух и сообраќајниот метеж во овој период од годината ја мотивираа компанијата Credissimo да донесе одговорна одлука во корист на своите вработени. Од 15 декември, сите од тимот на Credissimo имаат можност да работат од дома и на тој начин да ги намалат трошоците и да го заштедат времето потребно за патување до и од работното место. Одлуката е за во зимскиот период, а останува отворена и можност за работа од канцеларија за оние кои го преферираат тоа.

„Грижата за благосостојбата на вработените е еден од постулатите во работењето на Credissimo. Токму затоа, донесовме свесна и одговорна одлука да дозволиме работа од дома во овој период. Имаме целосна доверба во професионалноста и посветеноста на нашите луѓе и им даваме можност работните задачи да ги извршуваат од својот дом без да бидат оптоварени со притисокот за патување до работа во услови на сообраќаен метеж и аерозагадување. Мислиме на нив не само како на наши вработени, туку и како на луѓе кои се важен дел од општеството“, велат од Credissimo.

Глобалните трендови укажуваат дека можноста за „работа од далечина“ се етаблира како правило во голем број компании. Над 60 отсто од компаниите во Европската Унија овозможуваат пристап до електронската пошта, документите и бизнис апликациите и надвор од работното место што е индикатор дека се охрабрува работа од дома. Во Соединетите Американски Држави пак, дури 88% од компаниите дозволуваат хибридна работа односно комбинација од работа во канцеларија и работа од дома. Голем број вработени ја преферираат опцијата за работа од дома во зимските месеци од неколку причини, како што се: краткото траење на денот, сезонските болести и покомплцираното патување до и од работното место заради ладното време.

Имајќи го сето ова предвид, одлуката на Credissimo е пример за општествена одговорност и грижа за вработените, и претставува позитивна пракса што треба да ја следат и други компании во земјата.

Credissimo e едно од водечките финансиски друштва за онлајн потрошувачки кредити во Македонија, кое целокупната своја работа и односот кон партнерите, клиентите и вработени ги гради врз принципите на одговорност, отвореност и транспарентност. Како општествено одговорна компанија, препознаена е по иницијативите за грижа за машкото и женското здравје, кампањата за поддршка на првачињата „Секогаш биди број 1“, донации во Зоолошката градина во Скопје, како и заштита на животната средина.

ПР Објава

Клучни зборови

  • credissimo
  • загаден воздух
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk