Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Пандемијата „Ковид-19“ ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно

17 авг. 2020 г.·2 мин читање·184 прегледи

Следете не на Viber

Пандемијата „Ковид-19“ ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, проценува Меѓународниот монетарен фонд. Само земјите од Г-20 имаат инвестирано повеќе пари во фискални стимуланси од целиот свет за да ја поправат штетата предизвикана од претходната, финансиска криза.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди американски долари месечно.

„Аналитичарите на ММФ, исто така, предвидуваат кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 милијарди американски долари“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Греберезус, на прес-конференција.

Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата. Само Г20 инвестираше повеќе од 10 трилиони долари во фискален стимул за да ги ублажи ефектите од пандемијата, рече Тедрос.

„Тоа е три и пол пати повеќе од она што светот го потроши за санирање на претходната, финансиска криза“, рече тој.

Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски двигател во кој светот може да инвестира.

Акцелераторот  е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавката на средства потребни за да се стави крај на пандемијата, додаде тој.

Клучни зборови

  • Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
  • Светската здравствена организација
  • Тедрос Аданом Греберезус
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk