Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Чоколадите на најдобриот слаткар во светот чинат повеќе од 100 долари

17 ное. 2020 г.·2 мин читање·2612 прегледи

Следете не на Viber

Пјер Марколини (56) е сопственик на истоимената марка на најдобрите, белгиски чоколади – „Pierre Marcolini“, а сега тој е и најдобриот слаткар во светот, барем според ставот на италијанската организација на готвачи  „World Pastry Stars”.

На официјалната веб-страница на оваа компанија, можете да најдете разни други производи, па дури и познатите макарони, иако Марколини е најпознат по своите бонбони кутии, особено оние за подароци, во луксузно пакување.

Неговите слаткарници се наоѓаат низ целиот свет, од Германија до Кина, а чоколадите што ги прави Пјер Марколини може да чинат повеќе од 100 долари.

Тој започна да работи пред 25 години во Брисел,  кога веќе имаше 31 година, што значи дека дури и влегувањето во четвртата деценија не значи дека е предоцна за започнување на вашата работа. Кога ја доби наградата, тој рече дека се надева дека чоколадото што ќе го направи ќе им обезбеди барем малку утеха на луѓето во овие тешки моменти.

Патем, Пјер Марколини е познат по тоа што сам печел зрна какао, со цел да го добие најдоброто какао. Исто така, овој Белгиец лично ја контролира секоја фаза во производствениот процес.

Клучни зборови

  • премиум цена
  • слаткар
  • чоколадо
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk