Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЦКБ: Приходите од камати зголемени, добивката намалена

20 јул. 2024 г.·2 мин читање·1215 прегледи

Следете не на Viber

За 11,7 проценти се зголемени приливите од пресметаните и наплатени камати на Централна кооперативна банка во првата половина од годината. А, нето-приходите се поголеми за 25,5 насто. Остварување постигнато во услови на силната конкуренција присутна во кредитната понуда на банкарскиот пазар. Сепак, финансискиот резултат е понизок за десет отсто во споредба со споредбениот лански период. Добивката од шестмесечното работење е во износ од 22,9 милиони денари.

Во најзначајниот сегмент за банките – каматите, ЦКБ бележи вкупни, односно нето-приходи од 164.248 илјади денари или 2,67 милиони евра. Од банката наведуваат дека поради стабилното и квалитетно кредитно портфолио, каматите им обезбедиле прилив од 259.473 илјади денари (над 4,2 милиони евра).

Во делот на провизиите, во јуни е забележан раст на приходите од 4,4 проценти во однос на истиот минатогодишен период, но пониски за 3,8 отсто од планираното. На тоа влијаеле зголемените расходи за провизии од 18,2 насто, па нето-приходи од провизии и надомести се пониски за 3,1% и изнесуваат 55.340 илјади денари (над 900 илјади евра). Со тоа, од аспект на планот, има потфрлување од 13%.

ЦКБ располага со вкупни депозити од 10.467.578.000 денари или повеќе од 170 милиони евра. Како што се посочува, „во услови на растечка инфлација и општ пораст на каматните стапки во банкарскиот сектор, Централна кооперативна банк ги зголеми каматните стапки на депозитите што предизвика зголемување на расходите за камати за 59,2% во однос на истиот период минатата година“.

Од ЦКБ најавуваат дека и натаму ќе делуваат во насока на остварување на планираните позиции од деловниот план. Со зголемената продуктна и ценовна конкурентност ќе се настојува да се задржат постојните, но и да се привлечат нови клиенти.

Клучни зборови

  • добивка
  • камати
  • прво полугодие 2024
  • Централна кооперативна банка
  • ЦКБ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk