ЦКБ го продолжи рокот за подигнување на готовина без провизија со кредитните картички
Borjan1 мин читање

Централна кооперативна банка АД Скопје во насока на колективните напори за зголемена здравствена превенција, истовремено водејќи грижа за здравјето на клиентите и на своите вработени, овозможува полесен и побезбеден пристап до готовина.
Досегашниот промотивен период кој важеше до 09. април 2020 година, е продолжен и клиентите (физички лица) кои се корисници на кредитни картички од Централна кооперативна банка ќе можат да подигнуваат готовина на банкоматите на Банката без провизија заклучно со 29. април 2020 година!