Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЦКБ: Активата зголемена за 17 насто, годината заврши со добивка

2 фев. 2026 г.·2 мин читање·790 прегледи

Следете не на Viber

Централна кооперативна банка АД Скопје ја заврши 2025 година со позитивни резултати, во услови на стабилен раст на потрошувачката, зголемени инфраструктурни инвестиции и подобрена надворешна побарувачка. Добивката пред оданочување е 13,64 милиони. Нето-износот е 10.775 илјади денари, а профитот е за 24,6 отсто помал во однос на претходната 2024 година.

Во доменот на кредитната активност има умерен, но стабилен раст. Во четвртото тримесечје, кредитите и побарувањата од други комитенти се зголемени за 5 проценти и изнесуваат 8.032.393 илјади денари. Растот, во најголем дел, произлегува од зголеменото кредитирање на граѓаните.

Депозитите доверени на оваа банка, достигнале до 13.101.644 илјади денари, проследени со годишен раст од 20 насто. Од ЦКБ посочуваат дека проширувањето на депозитната база е поттикнато од зголемените каматни стапки во овој сегмент. Тоа, пак, продонело за раст на расходите за камати од 15 насто.

Инаку, вкупните приходи од камати се зголемени за 9 насто и изнесуваат 570.621 илјада денари. А, нето-каматниот приход е повисок за 6 проценти во однос на споредбениот период, при што е регистрирана сума од 348.928 илјади денари.

Приходите од провизии се зголемени за 7 насто, а нето-приходите од провизии и надомести за еден насто на годишно ниво. Дополнително, забележан е раст на нето-приходите од курсни разлики – за 19 насто. А, останатите приходи од дејноста се надминати за 25 насто.

На расходната страна, трошоците за вработените бележат раст од 12 проценти во однос на претходната година и се на ниво на планираното. Останатите расходи од дејноста се зголемени за 8 насто.

Еден од најзначајните индикатори за раст е вкупната актива, која на крајот од годината достигнал 15.293.432 илјади денари, што претставува зголемување за 17 проценти. Со ова, ЦКБ го надминала планираното ниво, реализирајќи 108 проценти од годишниот план.

Клучни зборови

  • финансиски резултати 2025
  • Централна кооперативна банка
  • ЦКБ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk