Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Uncategorized

Чист воздух, скапи цени: Колку навистина чини уживањето во Словенија?

25 мај 2025 г.·2 мин читање·1581 прегледи

Следете не на Viber

Словенија важи за еколошки пример во регионот – зелени пејзажи, уредени улици и чист воздух. Но, ако планирате патување, има уште еден фактор што мора да се земе предвид: цените, особено во угостителството. Според анализата на српскиот портал Нова.рс, во споредба со Србија, трошоците во рестораните во Словенија се значително повисоки.

Еспресо по европска цена

Цената на двојно еспресо во Словенија се движи околу 3,40 евра (приближно 399 српски динари), а на некои места во Љубљана достигнува и над 4 евра. Во Белград, истиот пијалок чини од 220 до 340 динари, во зависност од локацијата – што е речиси двојно поевтино.

Традиционалната храна не заостанува

Едно од попопуларните традиционални јадења во Словенија – комбинација од зеленчук и месо – во ресторан чини околу 19 евра, односно 2.227 динари. За споредба, за таа сума во Србија може да се добие цел ручек за две лица во пристоен ресторан.

Високи цени, но и повисоки плати

Потребно е да се земе предвид и куповната моќ. Просечната нето плата во Словенија за јануари 2025 изнесувала 1.569 евра (приближно 183.941 динари). Во Србија, просечната плата во истиот месец достигнала 107.476 динари, додека медијалната – која подобро ја отсликува реалната заработувачка – била 83.031 динари.

Тоа значи дека, иако Словенија е значително поскапа во угостителскиот сектор, граѓаните таму сепак имаат повисока платежна способност, што ги прави овие цени подносливи за домашното население.

Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk