Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА: Што можеме да научиме од постарите?

13 фев. 2023 г.·4 мин читање·735 прегледи

Следете не на Viber

Колкава е вредноста на мудроста, колку е значајно искуството што може да ни го пренесат постарите лица? За возврат, колку е значајно вниманието, грижата и љубовта кои можеме да им ги подариме? Ова е дел од мисијата на новата платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА (cuvarinamudrosta.mk) каде под мотото „Да ги слушнеме и гушнеме“, Халкбанк АД Скопје влезе во општествено одговорна кампања за поддршка на старите лица. Преку своето искуство и мудрост, наши познати културни, општествени дејци, луѓе од бизнисот, спортот и уметноста, кои и во зрелите години или по пензионирањето се активни, ќе им пренесат совети за оние кои сега чекорат по нивните стапки.

– Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ ја почнавме токму од нас. Во нашите простории ги поканивме пензионираните колеги кои ни пренесоа прекрасни искуства, нешта кои нема да ги најдете во учебниците. Тоа е целта на новата платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА. Од една страна да ги слушнеме личните приказни на нашите дејци, а од друга страна да учиме од нивните искуства. Не само во рамките на нашата општествено одговорна дејност, туку како наша генерална определба, луѓето се најважни, од внуче до баба и дедо. И затоа подготвивме интересни и богати содржини за да им покажеме колку се важни – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Платформата ЧУВАРИ НА МУДРОСТА има динамична содржина. Во рубриката „Да ги слушнеме“ досега се објавени интервјуа од писателот и публицист Васил Тоциновски, уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин, писателите Љубинка Донева и Киро Донев, новинарите Лилјана Грџо Дамовска и Љупчо Јолевски, Даница Павловска-Циги, архитект, библиотекарката Тања Гошева.

Рубриката „Твоја порака“ е место за вашите зборови. Што би сакале да им порачате на вашите сакани кои се веќе во години? Калин Карајованов вели:

– Сакајте ги додека се тука бидејќи животот е непредвидлив.

Во рубриката „Мудри совети“ издвоени се мисли од нашите дејци:

– Во животот нема случајности. А нивните резултати се аргумент оти зад човекот/авторот стојат неговите дела како единствена етичка и естетска мера за неговите животни и творечки врвици. Значи одговорот е еден: работа, работа, и само работа – вели Васил Тоциновски.

Платформата ЧУВАРИ НА МУДРОСТА и кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се проследени со одличните илустрации, уште една општествено одговорна акција на Халкбанк АД Скопје која ја поддржува уметноста. Во рамките на кампањата веќе беше спроведена акцијата „На кино со баба и дедо“ во повеќе градови во Македонија, а еден од прикажуваните филмови беше „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски. Во повеќе домови за стари лица беа организирани предновогодишни игранки со наши истакнати естрадни уметници.

Халбанк АД Скопје преку платформата и на кампањата порачува: Во брзото секојдневие да сопреме за миг и тој миг да им го подариме на постарите, на нашето семејство. Кампањата ќе се одвива во различни етапи, во соработка со пензионерски здруженија, домови за стари лица, училишта и градинки низ целата земја. Интегрираната кампања обединува најразлични активности и се одвива на сите канали за комуникација, вклучувајќи ја и документаристичката компонента.

 

 

Клучни зборови

  • Халкбанк АД Скопје
  • ЧУВАРИ НА МУДРОСТА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk