Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

„Чезакомерц“ купува, „М.Г. Фешн“ продава акции на „Македонијатурист“

27 дек. 2024 г.·2 мин читање·4809 прегледи

Следете не на Viber

Со купените 56 акции, „Чезакомерц“ ги засилува сопственичките позиции во „Македонијатурист“, кои засега се изразени со 6,22 проценти. А, компанијата која минатиот месец се појави меѓу акционерите – „М.Г. Фешн“, почна да продава акции.

„Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купи дополнителни 56 акции и сега поседува 28.158 акции односно 6,22% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, се вели во првата објава на Македонска берза.

Во ноември, М.Г.Фешн купи пакет кој му обезбеди 7,69 проценти од акциите на „Македонијатурист“. Тогаш се реализираа девет блок трансакции вредни над пет милиони евра. Сепак, последнава информација не содржи податок за тоа колкав е процентот на сопственоста по извршената продажба.

„…Известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје продаде 15.000 обични акции издадени од Македонијатурист АД“, пишува во известувањето од хотелско-угостителската компанија.

Клучни зборови

  • Македонијатурист
  • Македонска берза
  • МГ Фешн
  • Чезакомерц
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk