Централна кооперативна Банка со известување за скратено работно време
Borjan1 мин читање

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека врз основа на Одлуката за изменa на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија (Сл.Весник на РСМ бр.92 од 06.04.2020 година) се определува работно време на организационите единици и делови во Банката и тоа:
За сите организациони единици и делови во Банката работното време започнува во 08:00 часот и завршува 14:30 часот, освен за Филијала Куманово каде работното време започнува во 07:30 часот и завршува во 14:30 часот.
Организационите единици и делови на Банката во сабота нема да работат.