Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Централен Регистар и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ потпишаа меморандум за соработка

28 јан. 2026 г.·2 мин читање·2700 прегледи

Следете не на Viber

Директорката на Централен регистар, д-р Анита Стамнова и деканот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, проф. д-р Петре Ламески денес во Скопје потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот, двете институции се залагаат, во рамки на својата мисија, визија и цели, заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на обезбедување услови за размена на знаења, искуства и заеднички развој на иновативни дигитални решенија, како и надградба и пренос на знаења.

Како што беше истакнато, соработката помеѓу Централен регистар и ФИНКИ е од големо меѓусебно значење и се базира на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на информатичките науки и компјутерското инжeнерство.

Централен регистар, како технолошки високо развиена институција, меѓу другите проекти ќе има потреба од користење на достапни капацитети, инфраструктура и услуги обезбедени од  Националниот центар за вештачка интелигенција преку проектот „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија“, со цел реализација и поддршка на развојните, апликативните и истражувачките активности од заеднички интерес.

 Воедно, како институција отворена за младите, Централен регистар ќе биде на располагање со цел обезбедување студентска пракса за студентите чие поле на интерес е во делокругот на работа на Централен регистар, соопштија од оваа институција.

 

Клучни зборови

  • ФИНКИ
  • Централен регистар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk