Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ценовни осцилации на Берзата во февруари: раст до 20 насто, пад над 14 отсто

9 мар. 2026 г.·3 мин читање·1713 прегледи

Следете не на Viber

Значителни ценовни поместувања кај дел од акциите донесе февруари. Движењата на петте акции со најголем раст на официјалниот пазар на Македонска берза се во опсег од речиси четири до над 20 насто, а кај тие со најголем пад – од под пет до над 14 насто.

Февруарската листа на акции со најголем раст ја предводи Македонски Телеком. Просечната цена се искачи од 420 денари на крајот на јануари на 504,61 денари на 27 февруари, што претставува раст од 20,15 проценти. Интересно е што во јануари оваа акција беше меѓу најголемите губитници на берзата, со пад од 8,7 проценти, кога нејзината просечна цена се намали за околу 40 денари.

Втор по раст е РЖ Техничка контрола. Цената на акцијата е проследена со зголемување од 16,92 проценти, од 650 на 760 денари.

Од негатива во позитива – солиден раст бележи и акцијата на Жито Лукс, од 11,97 проценти, или од 117 на 131 денар. И оваа акција во јануари беше на листата со најголем пад, каде што исто така беше на третата позиција со тогашниот минус од 6,4 проценти.

Табелата ја смени и акцијата на НЛБ Банка. Во февруари порасна за 5,61 процент и достигна просечна цена од 57.499,95 денари, откако јануари го заврши со 54.444,64 денари и со месечно намалување од 3,47 проценти.

И акцијата на Адинг е „повратник“ – со неа се заокружува февруарската позитивна листа: со раст од 3,85 проценти, од 2.600 на 2.700 денари. Претходно, беше на првото место, обезбедено со зголемувањето од 8,33 проценти.

Челната позиција на негативната листа ја има акцијата на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп, чијашто цена се намалила за 14,45 проценти, од 1.426 на 1.220 денари.

Следува РЖ Услуги. Акцијата загубила шест денари од својата вредност или 11,76 проценти. Месецот го завршила со просечна цена од 45 денари.

Акцијата на Мермерен комбинат Прилеп е поевтина за 9,09 проценти. На 30 јануари вредела  3.300, а на 27 февруари 3.000 денари.

По принципот топло-ладно се месечните движења и наизменичното рангирање на двете листи на акцијата на Стопанска банка Скопје. Во текот на февруари просечната цена се намалила за 6,49 проценти, од 2.695 на 2.520 денари. Во јануари беше втора по раст (+2,80 %), откако претходно два месеци беше на табелата што ги бележи негативните промени.

Поместувањето за 4,69 проценти по надолната линија, ја лоцира на петтото место акцијата на скопски Макстил. Просечмната цена опаднала од јануарските 128 на 122 денари.

Клучни зборови

  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk