Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЦЕНИТЕ ВИДЛИВИ И НА РАФТОВИТЕ И НА ИНТЕРНЕТ  – Со законски измени ќе се штитат потрошувачите

24 фев. 2025 г.·3 мин читање·6137 прегледи

Следете не на Viber

Секој производ треба на амбалажата да ја има и цената на чинење. Доколку тоа не е можно, тогаш цената мора да е јасно видлива и поставена странично или над артиклите што се продаваат во маркетите. Освен тоа, сите мали, средни и големи трговци имаат обврска тие податоци да ги објавуваат на своите веб-страници и редовно да ги внесуваат промените. Ова се суштинските елементи со кои би требало да им се отворат очите на граѓаните, но и да се спречат трговците да ги доведуваат потрошувачите во заблуда. Мнозинството пратеници дадоа согласност по скратена постапка да се измени и дополни Законот за заштита на потрошувачите.

Предлагачите од владејачката партија посочуваат дека потрошувачот е економски послабата страна, а тоа особено се однесува на ранливите категории. Оттаму и потребата од нивна дополнителна заштита.

„Со цел заштита на потрошувачите, многу значаен потрошувачки однос е информирањето на потрошувачите за цените на стоките и услугите преку правилно означување на цените од страна на трговецот. Продажната и единична цена треба да бидат јасно означени на видлив и читлив начин за потрошувачот да има подобра прегледност и споредливост на цените“, пишува во предлог-законот.

Потоа се наведуваат насоките, по кои треба да се раководат во трговијата – цените да се означени на видлив, јасен и читлив начин. „Исто така, пропишани се начини на означување на цената, така што продажната, односно единичната цена мора да биде означена на самата стока, односно на нејзината амбалажа, кога тоа е возможно, во спротивно единичната цена треба да биде означена над или покрај продажното место каде што стоката е изложена со јасно, видливо и читливо упатување без создавање на забуна за која стока се однесува“, се вели во образложението.

За македонските трговци ќе се воведе новина, сите цени да ги објавуваат онлајн и редовно да ги ажурираат промените. На тој начин граѓаните ќе можат да прават споредба и да купуваат таму каде што е поповолно за нив.

„Заради обезбедување на транспарентност на цените на стоките, врз основа на што секој граѓанин ќе може да донесе одлука при купување која ќе биде базирана на информираност, потребно е доуредување на овие одредби од Законот за заштита на потрошувачите во насока на обврзување на трговците да ги објавуваат на своите веб страници тековната продажна, односно единичната цена на секоја стока што ја нудат за продажба“, предвидено е од предлагачите, при што се додава дека обврската би се однесувала на трговијата на мало, односно за малите, средните и големите трговци. А, нема да ги опфати микро и трговците-поединци.

Освен тоа, трговците кои имаат повеќе од продажни објекти ќе треба да ги објавуваат цените поединечно за секој од нив.

„Ваквото законско решение се очекува да доведе до фер конкуренција и пониски цени, особено во секторот на прехранбени производи, при што ќе може да се направат и апликации и веб-страници кои ќе им овозможат на потрошувачите да ги споредуваат цените помеѓу различните трговци на мало“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наведуваат, вакви законски решенија успешно се применуваат во повеќе држави. Како пример се издвојува Франција, каде што се правилата за заштита на потрошувачите и фер конкуренција се мошне строги, особено во прехранбениот сектор. „Овие правила се регулирани во Законот за заштита на потрошувачите и европските директиви за електронска трговија“.

M.A.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • закон за заштита на потрошувачи
  • законски измени
  • интернет
  • производи
  • Трговија
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk