Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПриродни ресурси

Цените на нафтата повторно растат

19 дек. 2022 г.·2 мин читање·972 прегледи

Следете не на Viber

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот, откако паднаа за повеќе од 2 долари за барел во претходната сесија, бидејќи оптимизмот околу кинеската економија ја надмина загриженоста за глобалната рецесија. Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, го доживува својот прв од трите очекувани бранови на случаи на Ковид-19, откако Пекинг ги олабави ограничувањата за мобилност, но планира да ја засили поддршката за економијата во 2023 година.

И покрај порастот на случаите со ковид, оптимизмот околу повторното отворање на кинеската економија и нејзината приспособлива политика ја подобруваат перспективата за побарувачката на нафтата, рече аналитичарот на CMC Markets, Тина Тенг. Суровата нафта од типот „брент“ поскапе за 82 центи, или 1 отсто, на 79,86 долари за барел до 0925 часот по Гринич, додека американската „Вест Тексас интермедиејт“ поскапе за 60 центи, или 0,8 отсто, на 74,89 долари.

Кина стави крај на нејзината политика за нулта ковид што му вдахнува живот во нејзиниот авио сектор, при што просечната побарувачка за авионско гориво скокна за 75% за две недели, според компанијата за сателитски податоци Kayrros.

Нафтата се искачи на рекордното ниво од 147 долари за барел претходно во годината, откако Русија ја нападна Украина, но оттогаш ги ублажи поголемиот дел од овогодинешните добивки бидејќи загриженоста за снабдувањето беше надмината поради стравувањата од рецесија, кои и понатаму ги кочат цените. Федералните резерви на САД и Европската Централната банка минатата недела ги зголеми каматните стапки и вети повеќе. Банката на Јапонија, во меѓувреме, би можела да го смени својот ултра-довичен став кога ќе се состане во понеделник и вторник.

„Изгледите за натамошно зголемување на стапката ќе го погоди економскиот раст во Новата година и со тоа ќе ја ограничи побарувачката за нафта“, рече Стивен Бренок од нафтениот брокер PVM.

Нафтата, исто така, беше поддржана од американското Министерство за енергетика, велејќи дека во петокот ќе започне со откуп на сурова нафта за Стратегиската нафтена резерва – прва набавка по ослободувањето на рекордните 180 милиони барели од резервите оваа година.

Клучни зборови

  • Кина
  • ковид
  • русија
  • Сурова нафта
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk