Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

ЦЕНИ ЗА СТАНБЕН КВАДРАТ „ДО ПЛАФОН“ – за 10 години становите повисоки за минимум 50%

9 јан. 2025 г.·3 мин читање·3918 прегледи

Следете не на Viber

Во Македонија, иако сме мала и послабо економски развиена земја, цените на недвижностите во последниве години имаат вртоглав раст. По наглиот пораст, кој се случи по ковид-пандемијата, и во цела 2024 година се регистрираат повисоки цени кај недвижностите.

Трендот на поинтензивен раст на цената на становите во земјава започна на крајот на 2021 година кога во четвртиот квартал имаше раст од 11,3%. Највисок раст на цената на становите во последните години имаше во 2022 година кога во третиот квартал цената на становите порасна за 21,3 %.

Цената на становите во последниот квартал лани пораснала за 10,6%, покажуваат податоците на Народната банка.

Според овие податоци во текот на целата измината година цената на становите е во пораст. Така во првиот квартал цената забележала раст од 4,6%, во вториот од 11,5%, а во третиот квартал 8%.

Според податоците на платформата за анализа на пазарот на недвижнини во Скопје, во моментов цената на квадратен метар стан во општина Центар изнесува 1.893 евра, во Карпош  1.843 евра, а во Аеродром 1.715 евра. Додека, пак, пред две години во Центар цената на квадратен метар била 1,574 евра, во Карпош била 1.483 евра, во Аеродром – 1.322 евра.

Порталот „Пари“ направи кратко истражување за просечните цени за станбен квадратен метар од 2015 година. Во 2015 година квадатен метар во Аеродром изнесувал околу 900 евра, во Карпош цената била исто како и во општина Аеродром – 900 евра, во општина Центар околу 950 евра. Додека, пак, во Кисела Вода, становите се купувале за 750 евра квадартен метар, а во Ѓорче Петров за околу 650 евра.

Според овие податоци цените на станбен квадрат во Скопје за 10 години се зголемиле за над 50%.

Во Охрид, цените се приближуваат до оние во Скопје, достигнувајќи до 2.000 евра за квадратен метар. Во други градови, како Прилеп и Кичево, цените се значително пониски, додека во Велес, новоградбите достигнуваат 1.580 евра за квадратен метар.

Цените на становите во Европската Унија  се зголемија за 50% од 2010 година, додека трошоците за домување, вклучително и сметките за комунални услуги, драстично се зголемиле во некои земји-членки, се наведува во извештај на Евростат за домувањето во Европа.

Според студијата Deluxe Holiday Homes, која користи податоци од Банката за меѓународни порамнувања (BIS) и веб-страницата Numbeo, Србија е на првото место по највисок раст на цените на становите од 2023 до 2024 година 82,66 отсто. На второ место е Литванија 75,78 отсто, а на трето Романија 74,50 отсто. Малта и Шпанија, исто така, забележале значителни зголемувања на цените на становите во текот на изминатата година за околу 45 отсто.

Клучни зборови

  • станбен квадратен метар
  • цени на станови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk