Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Цената на нафтата расте

29 дек. 2021 г.·2 мин читање·899 прегледи

Следете не на Viber

Цената на нафтата денеска е во пораст бидејќи се очекува видот на вирусот омикрон корона да има ограничено влијание врз побарувачката на гориво.

Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море порасна за седум центи или 0,1 отсто и сега изнесува 78,67 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 17 центи или 0,2 отсто и изнесува 75,74 долари за барел.

„Загриженоста за омикрон сега се намалува низ целиот свет, што резултира со одреден оптимизам за побарувачката. Се очекува цената на нафтата да биде на позитивно ниво“, изјави претставникот на компанијата „Свастика Инвестментсмарт“, Абишек Чохан.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид вчера изјави дека Англија нема да воведе никакви рестриктивни мерки против Ковид-19 пред крајот на годината, бидејќи властите очекуваат дополнителни докази за тоа дали здравствениот систем може да се справи со зголемениот број пациенти.

Сепак, растот на цената на нафтата е ограничен бидејќи американските авиокомпании откажаа повеќе од 1.300 летови и поради тоа што Ковид-19 го намали бројот на расположливиот персонал.

Клучни зборови

  • cena
  • nafta
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk