Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Цената на бакарот скокна. Ова е показател за очекување на економска активност

6 мар. 2021 г.·2 мин читање·5321 прегледи

Следете не на Viber

Цената на бакарот скокна на светските берзи над $9.200 по тон, што е највисока цена во последните девет години. Ова е само уште една потврда дека аналитичарите имаа право кога пред два месеци проценија дека вредноста на бакарот ќе продолжи да расте. И, она што се случува сега со бакарот е многу важна информација за целиот свет, бидејќи како што златото е „безбедно засолниште“ за време на криза, бакарот покажува добри очекувања за иднината на економијата.

Според последните податоци на берзата, цените на бакарот скокнаа на највисоко ниво во повеќе од девет години, така што овој метал денес се тргуваше по цена од 9.200 долари за тон, што е скок во споредба со декемвриското ниво, на 8.024 долари. Според агенцијата Блумберг, се очекува овој метал наскоро да достигне вредност од 10.000 долари.

Индустрискиот метал двојно ја зголеми својата вредност од најниското ниво во март минатата година, поттикнат од можноста за закрепнување на економијата и очекувањата дека може да истече долгата ера на ниска инфлација во клучните економии, пишува Блумберг.

Инвеститорите се занимаваат и со бакар, обложувајќи се дека побарувачката ќе се зголеми во следните години, бидејќи владите започнуваат невидени програми за поттик насочени кон обновлива енергија и инфраструктура на електрични возила, за што ќе бидат потребни огромни количини на суровини.

Бакарот се нарекува „доктор по економија“

Инвеститорите ширум светот го нарекуваат бакарот „доктор по економија“ затоа што овој метал се смета за веродостоен показател за очекувањата на економската активност. Затоа, не треба да изненадува што аналитичарите на Голдман Сакс, во нивната анализа во декември, рекоа дека јачината на цените на бакарот не е “ирационално отстапување.” Тие посочија дека ова се смета за прва фаза на структурно „нахаканиот“ пазар на бакар, така што сегашното продолжување на порастот на цените на металите е потврда на нивната анализа.

Клучни зборови

  • бакар
  • вредност
  • метал
  • Цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk