Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Пандемијата ја урива цената на нафтата: Профитот на „Сауди Арамко“ преполовен

10 авг. 2020 г.·2 мин читање·636 прегледи

Следете не на Viber

Нафтениот гигант „Сауди Арамко“ забележал пад на нето-добивката од 50 проценти во првата половина на финансиската година, како одраз на погубното влијание на пандемијата на нафтените пазари.

Во изјавата објавена во неделата, компанијата изјави дека нето добивката во првите шест месеци од годината се спушти на 23,2 милијарди долари, што е за половина помалку од 46,9 милијарди долари споредбено со истиот период лани.

Најголемото државно нафтено претпријатие и најголемиот светски производител на нафта задржа дивиденда од 18,75 милијарди американски долари во вториот квартал, велејќи дека ќе биде исплатена во третиот квартал. Дивиденда од иста сума од првиот квартал е платена во вториот квартал.

Вкупниот проток на пари на компанијата беше 21,1 милијарди американски долари во првото полугодие, што е намалување од 38 милијарди американски долари претходната година.

Намалената побарувачка и пониските цени на нафтата влијаеја на резултатите од вториот квартал, изјави претседателот на „Арамко“ и извршен директор – Амин Насер

Овие резултати дојдоа една недела откако „Арамко“ ја отстапи титулата најголема светска компанија по пазарна капитализација на американски „Епл“.

Финансиските резултати за вториот квартал одразуваат најголем шок на глобалните пазари на енергија во последните неколку децении.

Клучни зборови

  • Амин Насер
  • ковид-19
  • профит
  • Сауди Арамко
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk