Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Целеска од Народната банка: Декарбонизацијата бара значителни инвестиции, важно е банките да се вклучени и отпорни

13 дек. 2023 г.·3 мин читање·47254 прегледи

Следете не на Viber

Банкарскиот систем ќе има важна улога во процесот на преминување на домашната економија кон новиот модел за одржлив раст. Но, климатските промени се исто така и извор на ризици за финансискиот сектор. Активностите на централните банки се главно насочени кон градење отпорност на банкарскиот систем на ризиците поврзани со климатските промени, со што полесно ќе го поддржи преминувањето кон зелена економија, посочи директорката на Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки, Фросина Целеска, на панел-дискусијата во рамките на Втората конференција на ЕСГ, организирана од Американската стопанска комора (Амчам).

Целеска истакна дека Народната банка во целост го препознава значењето на климатските ризици, а од 2020 година активностите поврзани со климатските промени ги поставува и како стратегиски приоритет. Во изминатиот период се преземени повеќе активности од Народната банка за оваа цел, меѓу кои и членството во Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем (глобална мрежа на централни банки и супервизорски органи за споделување на најдобрите практики), понатаму членството во Виенската иницијатива за климатски промени, спроведувањето на Анкетата за климатските промени на сите банки и штедилници во земјата. Други активности се и објавувањето на податоците за т.н. „зелени кредити“, промената кај инструментот задолжителна резерва за банките за поттикнување на „зеленото“ кредитирање и регулаторните барања преку Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (со  која се воведе обврска за банките да ги вградат ризиците поврзани со климатските промени во управувањето со кредитниот ризик) и Одлуката за објавување податоци и извештаи од страна на банките, поврзана со редовното објавување податоци и информации за изложеноста на ризиците поврзани со климатските промени и ризиците од ЕСГ.

Со усвојувањето на Среднорочниот план за периодот 2023 ‒ 2025 година, Народната банка воспостави сеопфатна, систематична и конзистентна рамка за управување со ризиците од климатските промени низ призмата на централната банка. Планот, меѓу другото, предвидува и активности за промена на супервизорскиот пристап, со постепено вклучување на климатските ризици во оцената на профилот на ризичност на банките, но ја нагласува и важноста на координацијата на активностите во земјата и потребата за соработка со други државни институции и тела. „Спроведувањето на Среднорочниот план ќе придонесе за подобро разбирање на климатските ризици, нивно вградување во анализите на банкарскиот систем и на монетарната политика и градење отпорен банкарски систем којшто ќе може да го поддржи преминувањето на економијата кон зелен и одржлив развој“, заклучува Целеска.

Клучни зборови

  • банкарски систем
  • втора конференција на ЕСГ
  • декарбонизација
  • Фросина Целеска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk