Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Чебрен“ да се изгради со македонски сили – Здружението на инженери достави иницијатива до властите

11 јан. 2024 г.·2 мин читање·1181 прегледи

Следете не на Viber

Здружението на инженери на Република Македонија денеска до Владата и до Собранието достави Иницијатива за донесување на Закон за изградба на ПАХЕ Чебрен со, како што велат, македонски сили.

Здружението во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со 14. тендер за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ кој пропадна откако грчката компанија „ППЦ Архиродон“, која лани на 14 септември беше избрана за најдобар понудувач, не ја продолжи банкарската гаранција што и важеше до 31 декември 2023 година.

Притоа, од Здружението порачаа дека „Чебрен“ треба да се гради со сопствени средства од државата, а не по пат на јавно–приватно партнерство, бидејќи станува збор, пред се, за водостопански, а потоа за енергетски проект.

Изразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река.

„Бидејќи премиерот јавно нѐ повика да ги доставиме забелешките за проектот ‘Чебрен’, по што во јавноста најавивме дека ќе покренеме соодветна иницијатива, Ве известуваме дека денес до Владата и Собранието ја доставивме Иницијативата за донесување на Закон за изградба на ‘Чебрен’ со македонски сили“, посочуваат од Здружението на инженери.

Целта на ицијативата е активностите на државните институции кои ќе бидат делегирани за спроведување на овој капитален проект од стратегиски интерес за државата, да се стават во законски рамки за да се овозможи непречена реализација, без оглед која политичка партија ја формира Владата.

При носењето на одлуките, мора да се води сметка за суверенитетот и територијалната целина на државата како и уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката.

Според Здружението, во Владата има доволен број советници, кои можат да го изготват или барем да придонесат при изработката на овој Закон, а со неговото објавување на страницата на ЕНЕР, јавноста ќе може да ги достави и своите коментари.

Од Здружението посочуваат дека реализацијата на овој проект е предизвик, а државата има капацитет да го изведе преку „интелигентно финансиско управување (Financial Management)“. Притоа, нагласуваат дека „проектот е економски исплатлив и општествено корисен од енергетски, водостопански и социјален аспект“.

Клучни зборови

  • Здружение на инженери
  • Чебрен
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk