Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

7 дек. 2023 г.·2 мин читање·2839 прегледи

Следете не на Viber

Новата CASH IN услуга на Стопанска банка а.д. Битола на клиентите им овозможува депонирање –  уплата на готовина на нивната сметка преку банкоматитe, сопственост на Банката, со што им обезбедува ефикасно и брзо управување со нивните финансиски средства.

Услугата е бесплатна за корисници физички лица  и правни лица  во промотивниот период,  лесна за користење, достапна е 24/7 независно од работното време на експозитурите, а депонираните средства се на располагање на сметката/ дебитната картичка, во најкраток можен рок.

Уплати може да се вршат со сите типови на картички, кредитни и дебитни, издадени од страна на Банката.

Средствата се уплаќаат на трансакциска сметка на физичко или правно лице ако се уплаќа со дебитна картичка, или на кредитна партија врзана за кредитна картичка  ако се врши уплата со кредитната картичка.

Новина за нашите клиенти, правни лица, кои поседуваат дебитни бизнис картички е тоа што  уплатата на дневен промет, која досега ја вршеа на шалтерите на банката, сега ќе може да ја вршат на банкоматите, сопственост на Банката.

Затоа за сите клиенти правни лица, кои не поседуваат бизнис картичка им препорачуваме да аплицираат за истата во најблиската експозитура, без трошоци за членарина во првата година.

Самата трансакција – уплата на готовина  на банкомат на Стопанска банка а.д. Битола се реализира за период не подолг од 2 минути, а може да се усплаќаат банкноти од : 10 МКД, 50 МКД, 100 МКД, 200 МКД, 500 МКД, 1.000,00 МКД и 2.000,00 МКД.

Услугата – Уплата на готовина за нашите клиенти сега е достапна на следните локации на банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола:

  • Експозитура Централа, Битола (на двата АТМ уреди), ул. Добривоје Радосавлевиќ бр.21
  • Екпозитура Болница, Битола, ул. Партизанска бб
  • Нов Пазар, ул.Васко Карангелевски, Битола
  • Екпозитура Систина Скопје, ул. Скупи бб
  • Екпозитура Лептокарија, Скопје, ул.Никола Русински 3 б
  • Екпозитура ул.Македонија, Скопје, улица Македонија бр.20
  • Експозитура Бисер ,Скопје, Бул.Јане Сандански 1/1
  • Експозитура Велес, ул. Архиепископ Михаил бр. 2
  • Екпозитура Тетово, ул. Маршал Тито Илирија
  • Екпозитура Охрид, ул. Цар Самоил бр.16
  • Екпозитура Струмица, Бул. Маршал Тито бр.20
  • Екпозитура Прилеп, ул. Сотка Ѓорѓиоски 14/5
  • Казино Фламинго, Скопје, Плоштад Македонија
  • Стоковна куќа Јавор, ул.Филип Втори Македонски б.б.

 

Клучни зборови

  • cash-in
  • Стопанска Банка а.д. Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk