Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Како се одвива преговарањето со хакери за време на пандемија?

17 авг. 2020 г.·2 мин читање·795 прегледи

Следете не на Viber

Како што пандемијата ја уништува светската економија, хакерите ги криптираат базите на податоци на корисниците, и потоа бараат исплата за да го вратат пристапот. Во првата половина од годината бројот на такви сајбер напади се искачи на 121,4 милиони, според компанијата за безбедност SonicWall.

Многу од жртвите беа приморани да платат. Во јуни, Универзитетот во Калифорнија соопшти дека платил 1,14 милиони долари на сајбер изнудувачи кои компромитирале сервери во едно медицинско училиште. 

Минатата година една фирма за компјутерска безбедност беше агент за 143 плаќања во вредност од повеќе од 17 милиони долари. 

Пред само четири години беше засрамувачки за една престижна компанија, да биде хакирана, но сега нема никаков поттик тоа да се чува во тајност. Се разбира, тоа е различно за приватните компании. 

Хакерите кои “одат на големо”, изнудувајки и до 10 милиони долари, прераснаа во еден огромен екосистем. Но секако, постојат напаѓачи кои се целосно неспособни и не знаат што прават. 

Постојат ситуации кога, половина од нападот е извршен, клиентот е спремен да плати откуп, но тогаш напаѓачот исчезнува и никогаш не се враќа. Во секој случај, доколку една компанија размислува дали треба да преговара со сајбер напаѓачи, битно е да се потпре на технички лица кои треба да разберат дали податоците можат навистина да бидат декриптирани, и дали постои основа, информационата инфраструктура да биде вратена во првобитна состојба.

Клучни зборови

  • пандемија
  • сајбер напади
  • хакери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk