Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Почнува со работа Cafe Literatura: Најубавото кафе во најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore

29 мај 2020 г.·3 мин читање·2851 прегледи

Следете не на Viber

Во рамките на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore, што беше отворена минатата недела во соработка со „Скопје сити мол”, денеска (29.05.2020) почнува со работа Cafe Literatura.

Согласно прописите за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри, во кафе-барот се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца, а посетителите засега ќе можат да престојуваат само на терасата од локалот.

Кафулето е еден од најзначајните новитети на новата суперпродавница на „Литература.мк”, каде што ќе може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга. Кафе-барот на „Литература.мк”, што опфаќа 60 m2 од внатрешноста на Literatura.mk Superstore, и 100 m2 на терасата, е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување убави моменти, опкружен со пријатен амбиент и богат избор на книги и многу други уникатни производи.

Ова е првиот локал каде што ексклузивно е застапено едно од најдобрите кафиња „Кафе Италија” (Café Italia). Во кафе-книжарницата, ќе има три типа на специјално кафе Бурундu, Бразил и Етиопија, брендирани како Café Literatura. Инаку, „Кафе Италија” e компанија за печење кафе од Фијано, северно од Рим.

На менито се различни видови кафиња, по вкус и на најпребирливите консументи на кафето, како eспресата: Леонардо, Карусо, Микеланџело, Марко Поло, Бурундu, Бразил и Етиопија, макијато и капучино Марко Поло, капучино со бејлис, виенско капучино, ракијато, ајриш кафе, афогато карамел, еспресо портокал, aфогато бејлис и нескафе и коктели од кафе. Исто така, ќе може да се набави и пакување специјално Café Literatura и од Café Italia.

Гостите ќе можат да уживаат во различни видови коктели (Хемингвеј специјал, Москов мјул, Битвин д шитс и многу други) и смути (вери бери, пинат батер, чоко смути и супер фуд смути). Застапени се и топли напитоци, безалкохолни пијалаци, избрани брендови на алкохол и селекција на квалитетни вина.

По повод отворањето на Cafe Literatura, во периодот од втори до седми јуни, за секоја сметка, посетителите ќе имаат можност бесплатно да го дегустираат кафето понудено во менито.

Новоотворената книжарница Literatura.mk Superstore, која е со површина од 500 м², има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и друго. Суперпродавницата е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол”, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк”.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк”, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија”, во ТЦ „Рамстор”, „Веро центар”, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец” во Скопје и на „Широк сокак” во Битола.

Literatura.mk Superstore и Cafe Literatura работат согласно работното време на „Скопје сити мол”, од 10 до 18 часот (понеделник-сабота).

(PR Текст)

Клучни зборови

  • literatura.mk
  • кафе
  • кафе-бар
  • литература
  • отварање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk