Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Burger King лансираше „круна“ за социјално дистанцирање

26 мај 2020 г.·2 мин читање·158 прегледи

Следете не на Viber

Во изминатите две недели имавме можност да видиме како најголемите светски брендови за брза храна, пред сé Burger King и KFC, се „натпреваруваат“ помеѓу себе кој ќе извади позабавна и похумористична кампања за повторното отворање на рестораните по олабавувањето на пандемиските мерки.

Најновото продолжение на овој тренд доаѓа од Германија, каде „Кралот на бургерите“ се одлучи да лансира видоизменета верзија на својата популарна картонска круна, која сега повеќе изгледа на сомбреро.

Целта за тоа, како што велат од Burger King, е да ги држи потрошувачите на минималното растојание од 2 метри, предвидено со мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.

„Сакавме да ги зацврстиме правилата на висока безбедност и хигиенски стандарди кои се почитуваат во рестораните на Burger King. Новата „направи го сам“ круна за одржување на социјална дистанца е забавен начин како да се потсетат нашите гости да ја почитуваат мерката за социјално дистанцирање додека уживаат во храната во нашите ресторани,“ истакнал неименуван претставник од Burger King за Business Insider во однос на новата кампања.

Клучни зборови

  • burger king
  • бургер кинг
  • корона
  • круна
  • социјално дистанцирање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk