Автор: Стручен соработник на Пари
Извор на фотографија: Freepik
Кога државата се наоѓа на крстопат помеѓу европска интеграција и локална изолација, а преминот е „окупиран” од блискиот сосед, покрај преговори и договори треба да анализираме колкаво е економското влијание во тие процеси. Од тој аспект, оваа анализа, која е изработена согласно податоци генерирани од базата на Таргет Груп, ќе биде посветена на економските аспирации од страна на Бугарија за освојување и влез во македонската економија, користење на нашите ресурси, меѓутоа и важноста на тие инвестиции преку нивниот придонес кон нациналната економија. Притоа, како водечки елемент со кој компаниите се квалификуваат за влез во оваа категорија е евидентираното комплетно или малцинско сопствеништво од страна на бугарски физички или правни лица. Исто така, направен е дополнителен филтер на компании кои според својот облик гравитираат кон ДООЕЛ или ДОО. Во структурата од податоците од Таргет Груп бројката на вакви компании во Македонија изнесува 215 и истите се распространети низ различни индустрии и дејности, ге…