Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Буџетски пари ќе се префрлаат од еден на друг корисник – Пратениците ќе расправаат за прераспределба на средствата

10 дек. 2024 г.·3 мин читање·198 прегледи

Следете не на Viber

Приоритетите на буџетските корисници треба да се клучни во прераспределбата на парите од држаната каса, за што денес ќе расправаат пратениците. На собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе се разгледува предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Тоа, пак, е во функција на подобрена реализација на Буџетот за 2024 година, наведено е во образложението на Владата.

Со прераспределбата на средствата треба да се обезбедат дополнителни средства за трансфери кон ПИОМ по основ на транзициски трошоци поврзани со пензиската реформа и за законските обврски поврзани со исплатата на пензиите, за исплата на субвенции за земјоделците, за проширување на проектот Safe City, за трансфери кон ФЗОМ по основ на обврски за придонеси за задолжително здравствено осигурување на лица кои немаат по ниту еден основ здравствено осигурување и за исплата на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во заштитните друштва, за исплата на социјални надоместоци, за радиодифузната дејност, за социјални услуги, персонална асистенција, помош и нега во домот.

Исто така, за финансиска помош на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, за подмирување на обврски по основ на Програмата за рамномерен регионален развој, за подмирување на обврски за храна на осудени лица, за надградба на информациониот систем за човечки ресурси, за реализација на Програмата за здравствена заштита на животните, за лекови за пациенти со ретки болести, за проекти за изградба и реконструкција за водоводи, за реализација на Годишната програма за распределба и користење на средства за проекти во комуналната инфраструктура за 2024 година.

Средства ќе се обезбедат и за здравствено осигурување на корисниците за социјална помош, за реконструкција, стручен надзор и изградба на полициски станици, за реконструкција и доградба на објекти на ЈЗУ, за набавка на вакцини за појава на епидемија на деца и зголемена количина на ХПВ вакцини, за обврски кон ЈЗУ за здравствени услуги за лица заболени од малигни заболувања, за набавка на инсулин, за адаптација и изградба на објекти за социјална заштита, домови за стари лица и детски градинки, за режиски трошоци за ученички и студентски домови, студентски стипендии и партиципација во студентски домови, за доспеани обврски за градежни активности за регионалните центри за стручно образование, за реализација на проекти и годишна програма во областа на културата и друго.

Клучни зборови

  • буџетски корисници
  • комисија за финансирање и буџет
  • прераспределба на средства
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk