Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бучен Козјак спроведе бројни активности за поддршка на учениците во новата учебна година

2 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1551 прегледи

Следете не на Viber

Како дел од мисијата за поддршка на образованието и грижата за најмалите, Бучен Козјак активно ја спроведува иницијативата „Јас растам со Бучен Козјак“. По повод почетокот на учебната година главниот акцент на активностите е ставен на учениците.

Сите вработени во компанијата се дел од големото семејство на Бучен Козјак. Затоа денеска сите деца на вработените кои ја започнуваат новата учебна година добија ранец со комплетен училишен прибор.

Дополнително, со цел да се поддржат првачињата и да им се посака успешен почеток на нивното образовно патување, Бучен Козјак донираше основен училишен прибор во неколку основни училишта во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.

Како дел од активностите, Бучен Козјак донираше комплетен прибор и ранци на сите ученици од Домот за деца без родители Ј.У. „11 Октомври“ – Скопје.

Како дел од иницијативата „Јас растам со Бучен Козјак“ се и активностите за поддршка на учениците во новата учебна година кој е наш традиционален настан и го спроведуваме секој 1 септември. Почетокот на новата учебна година е нов предизвик за сите ученици, па и за родителите. Подароците се дополнителна среќа за нив, а ние сме неизмерно среќни што создаваме насмевка на нивните лица – сметаат од менаџментот на Бучен Козјак.

Со овие активности, Бучен Козјак уште еднаш потврди дека е општествено одговорна компанија која повеќе од 40 години се грижи за заедницата и вложува во иднината на најмалите сметајќи дека поддршката на децата и нивното образование е инвестиција за подобра иднина за сите.

Среќен почеток на учебната година!

ПР Објава

Клучни зборови

  • БУЧЕН КОЗЈАК
  • донација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk