Странски капитал преку Русија, Латвија, Естонија па се до Америка, а најдоминантен од Бугарија е присутен во финансиските друштва во земјава кои делат „брзи кредити“ за граѓаните покажува анализата на Таргет Груп. Финансиските друштва се покажаа како „атрактивен залак“ за странските инвеститори во финансискиот сектор во земјава, особено што се смета дека овој „бизнис“ е на самиот почеток и нуди можности за профитабилност. “
Бугарскиот капитал – најдоминантен во финансиските друштва во земјава
Секторот финансии, и преку финансиските друштва кои практично се во „зародиш“ се покажува атрактивен и за странскиот капитал. Дел од финансиските друштва во земјава имаат сопствеништво од странство со доминација на бугарски капитал.
Конкретно, од вкупно 24 финансиски друштва колку што ги има во земјава дури 11 имаат капитал од странско потекло. А освен бугарскиот присутен е капитал и од други земји, меѓу кои и Русија и Америка.
Дека овој пазар станува се поатрактивен покажува и тоа што од вкупно 24 финансиски друштва кои даваат „брзи кредити“ за граѓаните, шест се отворени во текот на минатата година. Лани, за првпат влегува компанија која е со капитал од Латвија, а од останатите отворени во текот на мината…