Во 2013 година во земјава е отворено првото финансиско друштво со што започнува „пенетрацијата“ на овој бизнис кој од година во година ќе прикажува раст на приходите и добивките. „Таргет Груп“ ги анализира вкупните финансиските резултати на постоечките финансиски друштва во земјава, кои укажуваат на потенцијал и на перспектива за натамошно развивање и раст преку освојување на нови клиенти – пред се физички лица.
Во 2019 година, 24 -те финансиски друштва во земјава генерирале вкупни приходи во износ од 21 500 000 евра. Споредено со претходните години, податоците покажуваат раст на приходите. Така, во 2018 година тие изнесувале вкупно 10 200 0…