Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Платформата на TrySpicy дава ново значење на концептот за брза услуга во ресторанот

9 јул. 2020 г.·3 мин читање·144898 прегледи

Следете не на Viber

Не толку одамна, идејата да нарачате храна пред да одите во ресторанот, а потоа да седнете на маса за да ја јадете се чувствуваше непотребно. Зошто воопшто да одите во ресторан ако брзате? Зошто да не земете брза храна по патот, ако ви треба толку брза услуга?

Денес, можноста да нарачате однапред станува задолжителна за ресторани.

Ова е она што TrySpicy, компанија со седиште во Битола, сака да го потенцира. Покрај тоа што во моментов нудат пакет на бесконтактни карактеристики, рестораните можат да ги користат за време на овој тековниот пресврт во ресторанската индустрија, компанијата исто така им овозможува на клиентите да нарачуваат храна предвреме за која било нарачка, без разлика дали конзумираат во ресторанот или ја земаат за да одат.

TrySpicy нема значајни конкуренти кога станува збор за понуда на пакет што се однесува на различно искуство во ресторанот, што веројатно е голема причина што побарувачката за услугата е голема.

Повеќе од кога и да било, рестораните откриваат дека треба да понудат високо-технолошки можности за нарачки во домашни и друг вид на потреби, и дека брзината и минимизираните интеракции меѓу човек и човек се важни делови во тој процес.

Како функционира TrySpicy? Да провериме неколку сценарија:

C1: Избирате вкусен оброк, правите нарачка за достава до дома или за подигање, уживате во совршени вкусови.

С2: Избирате ресторан, правите резервација.

С3: Избирате ресторан, правите нарачка за во ресторанот, откако ќе седните за 5 минути храната ќе биде поставена на вашата маса.

Со користење на апликацијата, односно со 3 резервации или нарачки од ист ресторан корисниците имаат можност да добијат ваучер со одредена вредност. Рестораните вклучени во системот на TrySpicy доделуваат 10% попуст на корисниците за нарачки и резервации.

ТrySpicy е најлесниот начин да пронајдете омилена храна. ТrySpicy ги поврзува илјадниците гурмани со стотици локални ресторани низ Макдеонија.

Секојдневно поминуваме голем дел од денот размислувајќи што ќе јадеме. Изборот на оброк и донесување одлука што да јадеме може да биде навистина комплицирано и да ни одземе многу време. Гладот е основна човечка потреба и треба да се задоволи најмалку еднаш дневно, но истовремено претставува и задоволство во кое многу луѓе уживаат. Оваа љубов кон храната може лесно да се претвори во стрес и нетрпеливост особено кога не можеме да одлучиме што и од каде да јадеме. Имајќи ги во предвид овие проблеми лансирана е првата платформа за храна во Македонија- Tryspicy. Платформата е креирана за да помогне на брз и лесен начин да го најдете највкусниот оброк за вас.

Со помош на оваа иновативна платформа можете лесно и брзо да го направите најдобриот избор за ресторан во Македонија. Платформата е прва на пазарот во Македонија во областа на гастрономијата. Корисниците можат (но не мораат) да креираат профил и да споделуваат(постираат) слики, да креираат постови со коментари и секако да ги споделуваат истите на Facebook или Instagram. На платформата можете да го видите менито на вашиот омилен ресторан, да откриете нови ресторани и оброци со детални информации за истите, како и да си резервирате маса.

(PR Текст)

Клучни зборови

  • брза услуга
  • онлајн нарачка
  • платформа
  • попуст
  • ресторан
  • ТrySpicy
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk