Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БРОДОВИ НЕКОНТРОЛИРАНО ПЛОВЕА ПО МОРЕТО ПОРАДИ НЕВРЕМЕ: Во сплитското пристаниште траект преврте помал брод, избегната трагедија

8 јул. 2025 г.·3 мин читање·4681 прегледи

Следете не на Viber

Силното невреме, проследено со оркански ветер и град, што го зафати хрватскиот туристички центар Сплит, направи хаос и во сплитското пристаниште, кој, за среќа, помина без жртви. Имено фериботот „Петар Хекторовиќ“ удрил во два брода, од кои едниот потонал и само вештиот маневар на капетанот на фериботот ја спречил трагедијата!

Утрово, фериботот „Петар Хекторовиќ“ се откачил од сидрото и удрил во два брода – голем катамаран и туристички екскурзиски брод – во сплитското пристаниште, поради силна бура и ветер. Притоа еден од бродовите потона, потврди директорот на Сплитската пристанишна управа, Вице Михановиќ. „На фериботот што се наоѓаше на Гат св. Петар му пукна јажето со кое беше укотвен. Камењата беа скршени, а ветерот го туркаше бродот. Прво се навалил на катамаранот „Крило“, а потоа на дрвениот туристички екскурзиски брод што потона. Смиреноста на екипажите на Хекторовиќ и на катамаранот „Крило“ спречи голема трагедија, двајцата направија сè за да спречат поголема несреќа. Успеаја да ги запрат бродовите, но, дрвениот трабакул за жал потона. За среќа, колку што знаеме, нема повредени или жртви, сите служби во пристаништето се обидуваат да постават бариери против загадувањето на морето, изјави за „Слободна Далмација“, Звонимир Перкушиќ, раководител на пристанишните операции на сплитското пристаниште.

Тој ја истакна храбрата и вешто изведена реакција на капетанот на фериботот, која, според него, спречила посериозна несреќа и штета.

Исто така, за хрватски Тпортал беше потврдено дека во областа на Северното пристаниште во Сплит, неколку бродови се одвоиле од копното и неконтролирано пловеле во морето. Неофицијално, дознаваме и дека јахта долга триесет метри е насукана во близина на Дивуље.

Во Сплит, службите за итни случаи утринава биле распоредени низ целиот град, Перистил „пливаше во вода“. По силниот пороен дожд и ветер, следеше силен град.

До овој момент, Оперативниот комуникациски центар на ПУ на Сплит-Далмација доби голем број пријави од граѓани за паѓање дрвја и други предмети, штети на возила и поплави. Полициските службеници се на терен заедно со вработените во другите служби за итни случаи. Сообраќајот е отежнат, а во одредени области сообраќајот е регулиран од полициски службеници.

Возачите се повикуваат на дополнителна грижа, а сите други да бидат внимателни за паднати дрвја, гранки и паднати предмети на јавни површини.

Според Вице Михановиќ за tportal, ситуацијата во пристаништето Сплит е санирана и повеќе нема бродови што неконтролирано пловат во морето.

(Фото: Jutarnji.hr)

Клучни зборови

  • невреме
  • несреќа
  • потонат брод
  • пристаниште
  • Сплит
  • судир
  • Хрватска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk