Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Британија оди кон рецесија, расте бројот на екстремно сиромашни

13 мај 2022 г.·2 мин читање·1756 прегледи

Следете не на Viber

Околу 1,5 милиони домаќинства во Велика Британија ќе имаат потешкотии да ги подмират трошоците за храна и енергија во криза предизвикана од зголемените животни трошоци, што ја турка Британија во рецесија.

Националниот институт за економски и социјални истражувања (Нисер) предупредува дека трошоците за храна и енергија во многу семејства ќе бидат повисоки од достапниот приход поради високата инфлација, која дополнително беше забрзана со војната во Украина.

Институтот проценува дека владата мора итно да обезбеди помош, бидејќи следната година повеќе од 250.000 домаќинства би можеле да станат сиромашни, а вкупниот број на екстремно сиромашни би можел да биде еден милион доколку нешто итно не се преземе, пишува Сеебиз.

Се проценува дека поради кризата, Велика Британија годинава ќе влезе во техничка рецесија, според дефиницијата за два последователни квартали на пад на активноста, предвидувајќи пад во третиот и четвртиот квартал.

Министерот за финансии Риши Сунак вели дека субвенциите за трошоците за живот на невработените и граѓаните со ниски приходи треба да се зголемат за 25 фунти (29 евра) неделно и 11,3 милиони домаќинства со пониски приходи треба да добијат еднократна помош од 250 фунти во готовина.

Централната банка до крајот на годината ќе мора да ги зголеми клучните каматни стапки од сегашните еден на два отсто и на 2,5 отсто во 2023 година за да ја ограничи инфлацијата. Банката ќе мора внимателно да маневрира помеѓу контролата на инфлациските очекувања и поддршката на економијата за да избегне длабока рецесија.

Гувернерот на централната банка, Ендрју Бејли, минатата недела предупреди дека Велика Британија може да влезе во рецесија, предвидувајќи дека инфлацијата ќе достигне врв од 10,25 отсто до крајот на годината.

Економската активност ќе се намали во четвртиот квартал, како и следната година, со „многу слаб“ квартален раст, прогнозира банката, додавајќи дека Британија ќе избегне техничка рецесија.

Клучни зборови

  • англија
  • рецесија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk