Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Скоро осум милиони Бразилци од март се без работа поради пандемијата

2 јул. 2020 г.·1 мин читање·226 прегледи

Следете не на Viber

Најмалку 7,8 милиони Бразилци во периодот март – мај ги загубиле своите работни места, покажуваат најновите податоци на државната статистичка служба, во која се вели дека стапката на вработеност кај работоспособното население опаднала под 50 проценти.

Бразилскиот Институт за географија и статистика ИГБЕ го објави својот квартален извештај во кој се прикажува рекорден број на луѓе кои ги загубиле работните места, од кои 5,8 милиони биле во неформалниот сектор, пренесува Си-Ен-Ен.

„За првпат во серијата години на истражувања, стапката на вработеност е под 50 проценти“, се вели во наодите на институтот.

На крајот на мај, вработеноста во формалниот и неформалниот сектор изнесува 49,5 проценти.

„Откако собирањето податоци почна во 2012 година, тоа никогаш досега не се случило“, се додава во соопштението на ИГБЕ.

„Тоа значи дека работи помалку од половината од работоспособното население“, додава Институтот.

Во Бразил, работоспособен се станува од 14-годишна возраст.

Клучни зборови

  • бразил
  • ковид19
  • коронавирус
  • пандемија
  • работни места
  • работни позиции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk