Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„БРАКО“ УСПЕШЕН И ВО КРИЗА: Лани со раст од 50% и 150 нови вработени, годинава уште вработувања и раст од 35%

8 фев. 2022 г.·2 мин читање·2435 прегледи

Следете не на Viber

По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50 отсто во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите и зголемување на бројот на вработени.

Извршниот директор на  „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели, очекувањата за 2022 година за фабриката во Велес е да се продолжи со засилено темпо на инвестиции, иновации и развој на производи кои би резултирале со раст од 35 отсто и отворање на нови работни места пред се за високо стручни кадри.

И во услови на турбулентни години за бизнисот предизвикани од ковид-пандемијата, благодарение на храбрите одлуки на менаџментот, „Брако“ го зголеми уделот на пазарот и ги зголеми приходите.

Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа, но, морам да кажам беше и можност, истакна неодамна во интервју за МИА, проф. д-р, Кочо Анѓушев.

„Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите погони, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд Green Machines, во развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти“, истакнува проф. д-р. Анѓушев во интервјуто.

Компанијата во моментов е во инвестициски циклус вреден околу 9 милиони евра за изградба на нови современи погони и набавка на софистицирана опрема.

Како што истакнува проф. д-р. Анѓушев во интервјуто, нашата држава во индустријата нема друга шанса освен да инвестира висока технологија. „Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини како CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа ја прави компанијата конкурентна не само во однос на фирмите во регионот туку и низ целиот свет.

Клучни зборови

  • 2021 раст
  • 2022 раст
  • анѓушев
  • Брако
  • нови вработувања
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk