Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БРАКО и ГРИН МАШИНС главни спонозри на конференцијата за комунални услуги во паметните градови

26 окт. 2023 г.·3 мин читање·800 прегледи

Следете не на Viber

БРАКО и Грин Машинс ја спонзорираа 11-та меѓународна конференција „Комуналните услуги во паметните градови“ која се одржа во Скопје.

Во рамките на конференцијата се одржа саем на кој беа изложени најпродаваните електрични модели 500 ZE и 400 ZE, а стручниот тим на Грин Машинс пред присутните ги презентираше можностите и на сите останати модели кои ги нудат.

„По презентацијата на целата палета  возила од линијата Грин Машинс, повеќе комунални претпријатија од Србија, Црна Гора и Косово покажаа интерес за овој тип на возила и беа задоволни со перформансите кои ги имаат и кои ги рангираат помеѓу најдобрите возила од овој тип во светот. Конференциите од овој тип се солидна платформа да се презентираат достапни технолошки и еколошки решенија како тие на Грин Машинс, со нула штетни емисии во воздухот“, истакнаa техничкиот директор Ангел Анѓушев и комерцијалниот директор Владимир Локвенец.

Високо софистицираните возила на Грин Машинс ја одржуваат чистотата  на многу светски метрополи и паметни градови во околу 60 земји од светот. Со континуираниот развој и иновативните решенија Грин Машинс даваат постојан придонес во светските напори за постигнување нула штетни емисии во воздухот.

На конференцијата, организирана од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, беа присутни повеќе од 200 учесници и претставници на јавни комунални претпријатија од регионот.

 

Клучни зборови

  • Брако
  • Грин машинс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk