Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ЕдукацијаЛичен Развој

Како „Google Maps“ одлучува кoja е најдобрата рута за патување? – интересни предавања на отворениот ден на Brainster Next College!

19 авг. 2022 г.·3 мин читање·4649 прегледи

Следете не на Viber

Како „Google Maps“ одлучува кoja е најдобрата рута за патување, дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите .…

Ова се само дел од интересните теми на кои ќе говорат професори на Отворениот Ден на Brainster Next College (Бреинстер Некст), што ќе се одржи на 25 август со почеток во 15:30 часот во просториите на Brainster. 

На отворениот ден се добредојдени сите кандидати заинтересирани за упис на факултетот како и родителите, со цел да можат да се запознаат со административниот и академскиот кадар и дел од реномираните ИТ компании кои ќе нудат пракса и вработување за студентите.

За учеството на интерактивните предавања учесниците ќе стекнат сертификат за учество, а присутните ќе имаат можност и за кариерно советување, информативни сесии поврзани со уписите на факултетот, студиите, практичната настава, и секако можноста да студираат за 0 денари сѐ до вработувањето или дипломирањето преку финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ – за кој Бреинстер Некст колеџот направи инвестиција од 2,5 милиони евра со цел да овозможи достапно и квалитетно високо образование за сите и да го олесни финансискиот товар за студиите на сите свои идни студенти.

Од аспект на предавањата, професорот Ивица Пешовски ќе даде одговор на прашањето како „Google Maps“ одлучува кoja е најдобрата рута за патување? – односно како навигациските системи одлучуваат кој пат да ви го препорачаат преку анализа на работата на Дајкстриниот алгоритам (Dijkstra).

Покрај него, интересно предавање ќе има и професорот Петар Јолакоски кој ќе зборува на тема „Случајно пребарување и митот за целите“. Неговото излагање ќе даде одговор на прашањата: Зошто модерниот живот се врти околу целите, како случајните пронајдоци може да доведат до големи резултати и постои ли “рецепт” за голем успех.

Горјан Поповски пак, ќе ја разреши дилемата дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите?

Преку видеоконференциска врска ќе се приклучи и реномираниот меѓународен експерт Дамјан Обал, кој има богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки. Тој ќе ги детектира и објасни најинтересните митови поврзани со UX дизајн.

На настанот, посетителите ќе ја слушнат и инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на Brainster, едукативниот центар кој веќе 7 години овозможува професионална едукација градење на кариери во дигиталните индустрии и е воедно основач на Brainster Next колеџот.

Отворениот ден, наменет за сите родители, матуранти и млади што сакаат да студираат софтверско инженерство ќе започне во 15:30 часот на 25 август во просториите на Brainster на ул. Васил Ѓоргов 19 (Капиштец, спроти Зебра) – а деталната агенда и линкот за регистрација на настанот можете да го најдете тука.

 

Клучни зборови

  • Brainster
  • Brainster Next College
  • Горјан Поповски
  • Дамјан Обал
  • едукација
  • Ивица Пешовски
  • Петар Јолакоски
  • Петар Ниновски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk