Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БОСАНЦИТЕ ТРГНУВААТ ПО СОСЕДИТЕ: Повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

28 јан. 2025 г.·3 мин читање·1310 прегледи

Следете не на Viber

Социјалните мрежи во Босна и Херцеговина, по успешната граѓанска акција во Хрватска, шират повици за бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани во петок, 31 јануари 2025 година, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард.

„Не купувај ништо за еден ден. Не одете во продавници, бензински пумпи, не одете во кафулиња, не одете во ресторани“, стои во една од објавите што масовно ги споделуваат граѓаните на Босна и Херцеговина.

Како и со многу ситуации во оваа земја, луѓето на социјалните мрежи се скептични, немотивирани, не веруваат дека еден ден може нешто да промени.

„Ќе видиме дали бојкотот ќе успее и кај нас. Или, сепак, овде е подобро отколку во Хрватска. Зашто, судејќи по коментарите, интересот навистина не е завиден“ пренесува Српскаинфо.

„Треба да разберете дека во оваа земја има голем број луѓе кои се навистина добро ситуирани и немаат никакви проблеми. За таквите не е целта да се воспостави некој таканаречен систем“,

Други, пак, велат дека „Еден ден нема да направи значајна разлика“, „Зарем не сме доволно очајни да и дадеме барем шанса на идејата“, „Тоа би било просечна недела“

Граѓаните на интернет форумите истакнуваат дека цените на храната во БиХ се повисоки отколку во некои развиени земји како Германија, додека трошоците за домување се уште се неподносливи.

Според Адис Кеча, претставник на Сојузот на независни синдикати на Босна и Херцеговина, ваквите постапки укажуваат на сериозни социо-економски проблеми во земјата.

Тој предупредува дека профитот на работодавачите се зголемува, а платите на работниците кои не се доволни за покривање на основните животни трошоци остануваат исти.

Иницијаторите на бојкотот потенцираат дека целта на акцијата е да се изврши притисок врз властите и работодавачите да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на севкупниот животен стандард на граѓаните.

Властите во Босна и Херцеговина постојано воведуваат замрзнување на цените за најважните прехранбени производи.

Да потсетиме, бојкотот на продавниците во Хрватска, кој започна како реакција на високите цени и најавите за нови поскапувања во трговските синџири како Томи, Конзум, Спар, Кауфланд и Плодин, во саботата доби многу пошироки размери. Во текот на целиот ден, според податоците на Даночната управа, во трговијата се издадени нешто повеќе од три милиони фактури, што е за речиси два милиони фактури помалку од минатиот петок, на 17 јануари, кога беа издадени 4,94 милиони фактури.

Во саботата е купена стока вредна само 52 милиони евра, што е за речиси 34 милиони помалку од четвртокот кога потрошувачите се подготвуваа за денот на бојкотот и потрошиле 85,7 милиони евра.

Во однос на средата, во саботата потрошиле 23 милиони евра помалку.

Клучни зборови

  • бојкот
  • Босна и Херцеговина
  • маркети
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk