Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.
Ретко кој кај нас нуди скратено работно време или, пак, флексибилно, како и можност за работа од дома и од канцеларија. Некои занимања не е можно така да се организраат, но многу од нив можат, а сепак газдите не сакаат ниту да слушнат за таквиот начин на работа. Секако поентата не е во тоа со скратеното или флексибилното работно време да се намали платата на работникот, туку да се цени сработеното, место формално поминатите часови на работа, принцип кој иако срамежливо, сѐ повеќе ги освојува земјите во светот.
Платформата за визулизација на податоци „Воронои“ излезе со бројот на работни часови во една недела наспроти остварениот бруто домашен прозивод во земјите од ЕУ. Нејзиниот заклучок преточен во наслов на статијата е: „Богати земи, кратки недели: Расчекор на трудот меѓу Источна и Западна Европа“.
„Работниот пејзаж во Европа открива јасна регионална поделба: богатите земји на север и запад, вклучувајќи ги Холандија, Ге…