Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Блумберг: САД размислуваат за нови царини за европски производи од 3,1 милијарди долари

25 јун. 2020 г.·2 мин читање·104 прегледи

Следете не на Viber

Американските власти размислуваат да воведат нови царини, како и да ги зголемат постојните за увоз од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија за вкупно 3,1 милијарди долари. Според агенцијата Блумберг, ова се наведува во изјавата на американскиот трговски претставник, Роберт Лајтхајзер.

Агенцијата наведува дека американските власти се подготвуваат да воведат нови царини на производи како што се маслинки, пиво, џин и камиони, а исто така сакаат да ги зголемат царините за одредени категории стоки како што се авиони, сирење и јогурт. Во средината на март, САД ги зголемија царините за авионите од Европската унија од 10 на 15 проценти.

Новите царини, според „Блумберг“, би можеле да влијаат на француските модни брендови „Живанши“ и „Хермес“, како и на групата компании ЛВМХ (Луј Витон Мот Хенеси). Царините за џин и пиво значително ќе ја зголемат цената на овие алкохолни пијалоци во САД, што ќе има негативно влијание врз британските и германските производители.

Плановите за наметнување нови царини се поврзани со историскиот спор помеѓу САД и ЕУ за субвенциите за „Боинг“ и „Ербас“. Арбитражата на Светската трговска организација на почетокот на октомври 2019 година им овозможи на американските власти да воведат царинии за речиси 7,5 милијарди американски долари за земјите од ЕУ, поради фактот што Европската унија не ги испочитувала одлуките донесени од организацијата во врска со субвенциите на „Ербас“.

Соединетите Американски Држави во моментов ги продолжуваат преговорите со ЕУ за склучување трговски договор. Администрацијата во Вашингтон се заканува дека ќе воведе царини за европските автомобили доколку нацрт-документот не одговара.

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

Клучни зборови

  • блумберг
  • документ
  • производи
  • субвенции
  • тарифа
  • тарифи
  • трговски договор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk