Со развојот на можностите за инвестирање преку бројните инвестициски фондови, сега сите „пасивни” инвеститори имаат можност да бидат дел, или да поседуваат удели/акции, во најголемите светски корпорации. Исто така, оние кои развиле доволно финансиско познавање за берзанскиот пазар ја имаат можноста сами да креираат свои инвестициони портфолија.
При определбата за купување на акции од одредена компанија треба да се посвети внимание на голем број на показатели од аспект на успешност, ликвидност и пазарна позиционираност. Иако во светот на инвестициите скоро и да не постои 100% безризичен пласман, сепак, колку е пообемна анализата толку ќе биде посигурна одлуката. Во светот на инвестициското работење се развил терминот Blue chip компании , кој означува компанија која е меѓународно позната, има позитивна репутација и нуди висококвалитетни произ…